Search

Спалети: Би било грешка ако мислиме на дуелот во Барселона

Фудбалерите на Интер вечерва во последното коло од групната фаза, на „Џузепе Меаца“ во Милано ја пречекуваат екипата на ПСВ.

Интер и Тотенхем го делат второто место на табелата со по седум бодови, но Тотенхем има предност поради гол повеќе на гости на меѓусебните дуели, па ќе биде тесно до самиот крај на натпреварите во Милано и Барселона.

На Интер му е потребна победа против ПСВ, а Тотенхем не смее да победи на гостувањето кај Барселона за „Нераѕурите“ да се пласираат во нокаут фазата. Токму поради тоа, вечерва е исклучително важен натпревар за фудбалерите на Спалети.

„Мораме да победиме. Ова за мене е најважниот натпревар откако пристигнав во Интер, ако го тргнеме на страна дуелот против Лацио минатата сезона. Ние сонувавме за ваквите натпревари“, изјави Спалети и додаде:

„Ќе направиме грешка ако се грижиме за дуелот во Барселона. Тие се сериозни професионалци и така ќе се однесуваат, а ние само мораме да го добиеме нашиот натпревар“, изјави Спалети.

Треба да знаете
Последни објави