Search

Спалети: Ако морав да бирам меѓу Мбапе и Осимен, би го избрал вториот

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, го спореди напаѓачот на неговиот тим Виктор Осимен со напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

– Ако треба да изберам еден од нив, би го избрал Осимен. Тој е незапирлив бидејќи може да ја заземе топката во наизглед невозможни ситуации и да постигне гол. Во моментов сигурно би го избрал Осимен, изјави Спалети.

Дваесет и двегодишниот Нигериец оваа сезона постигна пет гола на седум натпревари во Серија А.

Наполи кој во моментов е лидер во италијанското фудбалско првенство со максимални осум победи, утре гостува во Рим кај Рома. 

Треба да знаете
Последни објави