Search

Со 3.440 евра месечно во Германија си богат, со 1.500 преживуваш

Интересно истражување покажува дека секој кој има месечна плата поголема од 3 440 евра во Германија е официјално богат.

Истражувањето направено од Бизнис институтот од Келн, покажува дека наведениот нето износ на заработка, по одбиениот данок и трошоци кон државата, иако не изгледаат претерано големи, на располагање ги има секој десети Германец.

Како што се наведува таа граница на богатство важи за самци, а ако се зборува за домаќинство без деца, односно за брачен пат, границата на богатство е 5 160 евра, односно нешто повеќе од 2 550 евра по сопружник.

Работата е во тоа што во домаќинството одредени трошкови се плаќаат по единствена цена, без разлика на тоа колку членови тие услуги ги користеле-како интернет, греење или изнајмување стан.

Во ова истражување скоро никој од оние кои имаат плата поголема од 3 500 евра не се сметаат себе богати, туку само припадник на средна или во најдобар случај повисока средна класа.

Вистинските припадници на средната класа, кои примаат околу 1870 евра месечно, неретко себе се сметаат за луѓе на границата на сиромаштија. Меѓутоа, токму тие 1869 евра месечно просечна плата во Германија, односно половина од вработените во таа држава примаат толкав или понизок износ, а другата половина прима повеќе.

Таа граница на богатство важи само за самци, а ако се зборува за домаќинство без деца, односно за брачен пар, границата на богатство е 5160 евра, односно нешто повеќе од 2550 евра по сопружник.

Треба да знаете
Последни објави