Search

Со јајце го нападна лидерот на британската опозиција и заврши во затвор

Човекот кој скрши јајце од главата на лидерот на британската опозиција Џереми Корбин во нападот очигледно поврзан со неговиот став за излезот на Велика Британија од Европската Унија заврши во затвор, каде што според одлуката на судот ќе помине 28 дена.

Снимката на интерна телевизија покажува како Џон Марфи (31) се приближува кон Корбин за време на неговата посета на центарот на муслиманската заедница во Лондон, кој лидерот на опозицијата го посети на 3 март, заедно со неговата сопруга и поддржувачи, и како тој скрши јајце од неговата глава.

„Иако господин Корбин не е сериозно повреден, Марфи дојде опремен со голем број јајца кои можеше да ги употреби, ако не беше спречен навреме“, рече окружниот обвинител за северен Лондон, Кевин Кристи.

Според обвинителството, Марфи извикал „почитувај го гласањето”, очигледно мислејќи на резултатот од референдумот за брегзит од 2016 година. Нападот се случи неколку дена по изјавата на Корбин (69) дека неговата Лабуристичка партија ќе го поддржи одржувањето на уште еден референдум, ако не добие поддршка за алтернативни планови за брегзит.

Марфи, кој се изјасни за виновен, е осуден на казна затвор од 28 дена и мора да плати 115 фунти отштета на жртвата.

Треба да знаете
Последни објави