Search

НБРМ: Во однос на датумот на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка” АД Скопје, повторно укажуваме дека дозволата е укината од 12 август 2020 година

Решението бр.15-14082/1 од 1 јуни 2020 година, коешто се споделува на социјалните мрежи со штембил на „Еуростандард банка” АД Скопје, не е документ со којшто се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка” АД Скопје. Со ова решение, на Банката, согласно со Законот за банките ѝ беше повлечена согласноста за извршување само на одреден вид финансиски активности – тргување со хартии од вредност во странство, финансиски деривати и сл., за коишто не ги исполнуваше посебните законски услови за да ги извршува. За истото беше информиран и регулаторот на пазарот на капитал.

 

Треба да знаете
Последни објави