Search

Со трактор извлекувал возило на ЕВН, па исчезнал во водите на Вардар

На 06.08.2020 во 14.47 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Белештевица, велешко, на место викано „Лавчани“, при обид на С.Н. со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода С.Н. и возилото на ЕВН биле однесени кон реката Вардар.

При пребарување на околината од страна на полициски службеници од СВР Велес и локалното население,  возилото било пронајдено, додека по С.Н. сѐ уште се трага и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Треба да знаете
Последни објави