Search

Со средства од Европската Унија заштита од поплави на населението во општина Карбинци

Со средства од Европската Унија заштита од поплави на населението во општина Карбинци

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во општина Карбинци учествуваше на завршната манифестација на проектот за заштита на населението и превенција од поплави.               Проектот е реализиран со средства од Европската Унија во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија., во партнерство меѓу општините Карбинци и Струмјани.

–  Во имплементацијата на проектите од програмите за прекугранична соработка што Република Македонија ги спроведува со своите соседи, финансирани од Европската Унија, се вклучени над 200 партнери, а придобивките ги чувствуваат сите граѓани. Тоа значи постојана комуникација, заедно утврдување на приоритетите, заедничко решавање на проблемите, споделување на европски вредности, градење на партнерства и пријателства, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Во рамките на овој проект во вредност од 178 илјади евра само за општина Карбинци,  се изградени заштитни sидови на коритото на Козјачка река и се обезбедени услови за негово редовно чистење и одржување, со што општината ќе се заштити од поплавите кои што беа закана за жителите и за нивните имоти.

Треба да знаете
Последни објави