Search

Со СДСМ на власт Република Македонија тоне во лаги, криминал и корупција

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Владата на СДСМ нема план за ништо кога станува збор за животот и доброто на граѓаните.

Во овие три години откако тие се власт Република Македонија има висока стапка на корупција и правдата целосно ја заборавија. Правда не постои во државата зошто одлуките ги кажува Зоран Заев само да го прикрие криминалот кој тој го прави.

Ветуваа раст на економија, отворање на работни места, повисоки плати, но тоа остана само нивно предизборно ветување. Нема петстотини евра просечна плата, нема плата од сто илјади денари плата за докторите, нема раст од економијата од 4% на годишно ниво.

Ветуваа и изградба на нов Клинички центар, но и за тоа не беа способни. Во време на пандемија Филипче е целосно изгубен и тоа го плаќаат граѓаните со нивните животи.

Граѓаните не го заслужуваат ова тие заслужуваат добар и квалитет живот.

Треба да знаете
Последни објави