Search

Со СДСМ на власт за Република Македонија нема напредок и добри резултати

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

 

Со влада предводена од СДСМ Република Македонија не може да се движи во добра насока. Тоа го увидоа и граѓаните во овој нивен мандат.

Единствено што успее владата на СДСМ да направи во овие три години е да го променат името на државата и да го понижат македонскиот народ. Кога станува збор за СДСМ не може да не се заборави и високото ниво на криминал, корупција кое се исполни благодарение на нив.

Ветуваа изградба на нов Клинички Центар но не беа способни да го изградат и да им овозможат на граѓаните добро и квалитетно здравје. Поради нивната неспобност да се снајдат со пандемијата Република Македонија достигна до рекорден број на заразени лица од 10 000 и близу 500 починати.

Ветуваа раст на плати, пензии но и тоа не го исполнија. Нема просечна плата  од петстотини евра, нема плата за докторите од сто илјади денари.

Ветуваа живот за сите, креирање работни места, раст на економијата од 4% годишно, но ништо од тоа не добија граѓаните. Живот дојде само за лицата блиски до СДСМ.

Со СДСМ на власт Република Македонија само тоне. Граѓаните не го заслужуваат ова, тие заслужуваат многу повеќе.

Треба да знаете
Последни објави