Search

Со ребалансот на Буџетот обезбедуваме помош за економијата и поддршка на важни локални проекти

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

„Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата. 470 милиони евра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за помош на граѓаните и стопанството. Од нив, 70 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на 83.000 работни места и субвенционирање вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември. 27,6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 граѓани кои ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари.

Со ребалансот се поддржуваат и важни проекти на локално нови низ речиси сите општини.
120 милиони денари се наменуваат за реконструкција на Универзална сала во Скопје, седум милиони денари за реконструкција на Соколана во Куманово, шест милиони денари за изградба на кружни текови во Кочани, 20 милиони денари за нов систем за водоснабдување во општина Чаир, 15 милиони денари за изградба на основно училиште во населено место Црвица во општина Кичево.

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ постојано ја следат состојбата со коронавирусот и носат суштински, навремени, ефикасни мерки за справување со економските и здравствените последици од коронакризата. Овој ребаланс на Буџетот е токму во таа насока, ублажување на негативните последици врз економијата, предизвикани од коронавирусот.

Ребалансот на Буџетот значи помош за граѓаните, помош за нашата македонска економија. Затоа, сите пратеници овде во Собранието треба да покажеме одговорност и посветеност и да го донесеме ребалансот на Буџетот, тоа е во интерес и на граѓаните и на државата.

Треба да знаете
Последни објави