Search

Со Програмата за рамномерен регионален развој поддржани 16 проекти од Југоситочниот плански регион

 Министерството за локална самоуправа годинава преку Програмата за рамномерен регионален развој поддржа 16 проекти од Југоисточен плански регион во износ од 47,5 милиони денари, а тенденција е средствата во наредната  година да се зголемат, истакна заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески при денешната посета на Општина Валандово.

Павлески оствари средба со градоначалникот на општината Перо Костадинов и претставници од општинската администрација и изврши увид во проектите што се реализиарат изминатите две години  со поддршка на Министерството за локална самоуправа.

Станува збор за проектите за поставување урбана опрема на Кочулски Водопади, сообраќајно поврзување на индустриската зона со регионалниот пат Р-1105, изградба на повеќенаменското игралиште во село Калково и туристичката патека која води на планината Плавуш, со вкупно околу 12 милиони денари.

– Владата и Министерството за локална самоуправа се фокусирани и посветено работат на намалување на диспаритетите помеѓу планските региони и поддржуваат реални проекти кои имаат директен импакт врз развојот на општините и регионите. Наша главна цел е да се обезбедат подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните, истакна Павлески, соопшти ресорното Министерство.

Треба да знаете
Последни објави