Search

Со предлог Буџетот за 2020 вложуваме во човечки капитал, продолжува растот на плати и пензии

Прес конференција, Јован Митрески, пратеник на СДСМ

 

„Предлог Буџетот за 2020 година е потврда на заложбите на СДСМ за вистинска грижа за секој граѓанин. Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал во зголемување на платите и пензиите и обезбедување на повеќе пари кај граѓаните.

Во Предлог Буџетот предвидени се средства за зголемување на платите од 10 отсто во образоавнието, 25 отсто за поголеми плати на лекарите специјалисти и 10 отсто за платите на медицинските сестри. По одлуките за раст на минималната плата, растот на просечната плата, решението за  стечајните работници, растот на  социјалниот пакет за 300 отсто и уште многу други мерки, со предлог буџетот за 2020 година предвиден е раст и на пензиите.

Имајќи ги предвид економските параметри минатите две години, посебно порастот на просечната плата за повеќе од 2,297 денари, и на минималната за 4.000 до 5.500 денари, одлучивме да има и зголемување на пензиите. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која земаше од граѓаните за лажен барок, споменици, палми и криминални тендери, ние инвестираме во она што е важно за секој граѓанин.

Новиот предлог буџет за 2020 година, во здравството, образованието и социјалата, предвидува инвестиција од вкупно 154 милијарди денари. Тоа е зголемување од повеќе од 10 милијарди денари во споредба со ребалансот од 2019 година, односно последниот Буџет. Издвојуваме 1,5 милијарди денари за капитални инвестиции во здравството планирано е да отпочне проектот за изградба на новиот клинички центар во Скопје, и продолжуваме со реализација на Регионалната Клиничка болница во Штип, втората фаза на болницата во Кичево, реконструкција на болницата во Струга, како и завршните работи во болниците во Струмица и Тетово.

Одвоивме 1,4 милијарди денари за капитални инвестиции во образованието, за реконструкција и изградба на училишни згради и спортски училишни сали, на студентските домови. Во 2020 година проектиравме реални капитални расходи на ниво од 23 милијарди денари.

Инвестициите се наменети за интензивирање на инфраструктурните проекти, односно за  патна и железничката инфраструктура, енергетската и комунална инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во спортот, заштитата на животната средина и правосудството.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на реални и одржливи политики кои имаат за цел да го подобрат животот на сите граѓани. На прав пат сме, инвестираме во човечкиот капитал и се грижиме за сите граѓани.“

Треба да знаете
Последни објави