Search

Со помош на Агенцијата за млади и спорт и ФФМ се реконструира градскиот стадион во Кавадарци

Општина Кавадарци, Агенцијата за млади и спорт и Фудбалската федерација на Македонија со заедничка инвестиција го реконструираат кавадаречкиот Градски стадион, информираа денес од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

-Привршуваат градежните работи на реконструкција и доградба на источната трибина, по што работите ќе се насочат кон реализација на новото проектно решение за изградба на јужната трибина која ќе биде целосно покриена со кровна конструкција.

По реконструкцијата на трибините, на стадионот ќе бидат поставени 2.000 нови столчиња кои веќе се набавени. Претходно беше отстранета старата трева од фудбалскиот терен, кој потоа доби нова подлога со систем за наводнување и дренажа. Врз него се постави бусен трева и сега е во одлична состојба, појаснија од градоначалничкиот кабинет.

Во последната фаза од реконструкцијата на Градскиот стадион, Општина Кавадарци целосно ќе ги обнови и модернизира соблекувалните и останатите простории во рамки на стадионот.

Треба да знаете
Последни објави