Search

Со пожарите погодени 75 отсто од Австралијанците

Три четвртини од австралиските граѓани, или околу 18 милиони луѓе, директно или индиректно се погодени од неодамнешните пожари во земјата, според студијата објавена денска, во која се забележува дека има остар пад на довербата на владата.

Студијата, спроведена од страна на Националниот универзитет во Австралија, покажува колку е погодено населението од пожари што траеле пет месеци, при што загинале повеќе од 30 луѓе и уништени илјадници домови.

– Практично сите Австралијци се погодени од пожарите и многумина ќе ги чувствуваат ефектите во наредните години, објасни Николас Бидл, кој ја водеше студијата.Во неа се вели дека 14 отсто од возрасните односно околу три милиони луѓе се директно погодени од кризата –  тие морале да бидат евакуирани и нивните домови се уништени или оштетени.

Околу 15 милиони Австралијци индиректно се погодени од вдишување токсичен чад, од промени во планови за патување или загриженост за семејствата и за пријателите кои биле директно погодени.

– Само 27 проценти од анкетираните изјавиле дека веруваат или имаат голема доверба во владата, рече Бидл, и тоа е пад од 11 процентни поени за три месеци.

– Ова е најголем пад на довербата во толку кратко време досега, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави