Search

Со поддршка на Владата и на Светска банка обезбедивме техничка документација за изградба на патишта

Општина Гази Баба, со поддршка на Министерството за финансии и Светска банка доби техничка документација за реконструкција и изградба на патна инфраструктура  во населените места Хиподром, Ќерамидница и Синѓелиќ.

 

Со изготвената проектна документација, клучните улици “Никола Киров Мајски”, “Пехчевска” и “Жан Жорес”, во Хиподром, потоа улицата пред основното училиште „25-ти Мај“ во Ченто, како и улица 515 во населба Ќерамидница, ќе добијат целосно нов лик, во целосна должина од 3 километри.

 

Според градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски населбата Хиподром 2 добива целосна патна инфраструктура, која ќе ги поврзе новиот и стариот дел, проблем кој чекаше подобро утро повеќе од 16 години.

  • Сега граѓаните нема да имаат потреба да се движат со километри за да стигнат од еден до друг дел на населбата со што ќе им се овозможи на жителите директно поврзување на двете населби, со што ќе претставуваат една инфрастуктурна целина. Посебно сум горд што децата кои живеат подалеку од ООУ “Вера Јоциќ” повеќе нема да имаат потреба да патуваат со километри за да стигнат до училиштето. Исто така за жителите кои го користат јавниот превоз, лесно ќе биде достапна последната постојка на автобуската линија 50, а побрзо ќе стигнуваат и до трговскиот центар. Едноставно, сега граѓаните лесно ќе можат да циркулираат низ сопствената населба. Особено сум среќен што конечно новата населба Хиподром 2 ќе се поврзе со останатиот дел од населбата Хиподром 1 и што побргу ќе се приклучуваат до центарот на градот, проблем кој тлееше речиси 2 децении. Со овој проект се става крај на отсечените населби едни од други кои чекаа нивно поврзување речиси 2 децении. Со ова, секој ќе може да стигне до посакуваната дестинација во својата населба брзо и ефикасно, рече Георгиевски.
Треба да знаете
Последни објави