Search

Со нов закон во Тајланд ќе се дозволува одгледување канабис

Една од партиите во владејачката коалиција на Тајланд поднесе предлог-закон со кој на жителите ќе им биде дозволено да одгледуваат одредена количина канабис дома, чекор што доаѓа една година откако земјата ја легализира дрогата за медицински цели. Според сегашните закони на Тајланд, рекреативните корисници на канабис можат да добијат строги казни, вклучително и до 10 години затвор за поседување на дрогата.

Висок пратеник во партијата Бумџаитаи, трет по големина партнер во коалицијата и надлежен за Министерството за здравство, рече дека предлог-законот ќе овозможи најмногу шест растенија марихуана по домаќинство. Канабисот сè уште се смета за дрога според тајландскиот закон.

„Принципот е за медицинска употреба, можете да го имате дома за заболувања, но да не го продавате на улица“, рече Супачаи Џаисамут за „Ројтерс“. Со законот, исто така, ќе се дозволи продажба на растенија на лиценцирани институции под надзор на институт создаден за таа цел, рече Супачаи. Тој рече дека законот би можел да биде изгласан за 6 месеци по ноември кога парламентот повторно ќе се отвори ако има доволно поддршка од владата.

Треба да знаете
Последни објави