Search

Со мафијата на Заев нема европска иднина, тие потврдија дека стојат зад антисемитските напади

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска

„Очигледен е обидот на СДСМ да ја дефокусира јавноста од своите неуспеси и катастрофални политики. Затоа клевети и манипулира, на нивен познат манир. Со ова СДСМ покажа дека стои зад антисемитската хистерија кон Рашела Мизрахи и  Евреите.

Вистинските антиевропски и антизападни вредности треба да ги бара во својата партија и кај својот лидер Зоран Заев. Токму Заев му овозможи криминоген бизнис тежок 200 милиони евра на прорускиот контроверзен бизнисмен Дака Давидовиќ. За тој бизнис се исплатени 300 илјади евра и дадени 2000 метри квадратни простор, за што постои конкретен доказ.

Заради ваквиот бизнис и заради десетиците милионски скандали на мафијата на Заев корупцијата цвета во Македонија, а државата е најкорумпирана држава во Европа. Со ваква мафијашка власт нема ниту Европска Унија, ниту европски вредности.

Со ваква мафија на власт нема Европа. Или мафијата на власт или европска иднина.“

Треба да знаете
Последни објави