Search

Со лажни 20 евра платил во продавница во Штип па избегал

Вчера во 13.45 часот во СВР Штип, Д.Ј.(53) пријавил дека едно лице платило со фалсификувана банкнота од 20 евра во продавницата во која работел.

Според пријавата, тој ја примил банкнотата, а откако лицето излегло забележал дека е фалсификувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пред неколку дена беа приведени неколку малолетници од Делчево кои се осомничени дека фалсификувале банкноти од 50 евра.

Треба да знаете
Последни објави