Search

Со лажен профил, закани и уцени, тетовец сакал да принуди 46-годишна жена да му биде љубовница

Против 46-годишно лице од селото Синичане, Тетовско, поднесена е кривична пријава за  злоупотреба на лични податоци, загрозување на сигурноста и присилба.

Пријавениот во текот на 2019 на социјалната мрежа Фејсбук отворил лажен профил на корисник на име на 46-годишна жена и од него обработувал и објавувал слики од оштетената.

Потоа тој, преку апликацијата „Вибер“, од два мобилни броја, на оштетената, на нејзиниот сопруг и на целото нејзино семејство им испраќал слики и текстови со вулгарна и недолична содржина и упатил сериозни закани по животот на оштетената и животите на нејзиното семејство, со цел да ја присили да биде со него во љубовна врска, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави