Search

(Видео)Со кликање на „www.schools.mk“ учениците влегуваат во платформата за учење од далечина

Пет дена пред почетокот на новата учебна година, Министерството за образование ја активираше Националната платформа за учење од далечина преку веб-страницата www.schools.mk. На неа веќе има видео упатства, прирачници и друга содржина. Од министерството ги повикуваат учениците и родителите да влезат во страницата во наредните денови и да се запознаат со платформата. Веќе се испратени упатства до сите училишта за да обезбедат лозинки и истите да им ги пратат на учениците.

Според обучувачите Националната платформа за учење од далечина обезбедува континуитет во наставата за време на пандемијата. Исто така, претставува опрема која ќе го збогати образовниот процес и во нормални услови и е лесна за употреба.

Националната платформа за учење од далечина му овозможува на ученикот да ги гледа училницата и наставникот преку мобилен или компјутер. Може да ги користи сите аудио и видео материјали поставени на платформата и да пишува домашни задачи. Исто така, ќе има брзи квизови, тестови и друга иновативна содржина. Платформата работи на 5 јазици. За неа учениците ќе можат да предложат подобрувања и промени.

Според информации од тимот кој ја креираше платформата која ќе обедини 270,000 ученици и наставници е составена од два дела. Првата е алатката „Мудл“ што ја користат образовните институции во светот, а втората е Мајкрософт тим за интеграција на видео алатките и комуникација.

МОН ги повика и градоначалниците, кои се важен дел од процесот, максимално да се посветат на обезебедување услови за непречен старт на учебната година во училиштата, без разлика дали станува збор за физичко присуство или пак учење од далечина.

Треба да знаете
Последни објави