Search

Со камион скинал кабел, оставил без струја цело село

Камионџија заработил кривична пријава оти оставил цело село без сртуја, откако со камионот скинал електричен кабел, информираше МВР.

Станува збор за В.Х.(52) од село Вруток, гостиварско, за сторено кривично дело уништување или оштетување на јавна инсталација“.

На 08.11.2018 година околу 16 часот во село Долна Бањица, гостиварско, пријавениот управувајќи товарно моторно возило за пренос на бетон, сопственост на фирма при движење со истото оштетил кабел на јавната електрична инсталација, поради што настанал прекин на напојувањето со електрична енергија на  околу 100 домаќинства.

Треба да знаете
Последни објави