Search

Со именувањето на Ковачки, наместо демократизација Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ.  Со изборот на членови на Извршниот комитет Мицкоски ја потврди режимската, криминална матрица на оваа партија, која се уште е раководена и уредувана од Никола Груевски. Наместо демократизација извршителот Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ. Со единствена цел, што подолго да ја задржи својата партиска фотелја во белиот дворец.
Внесувањето на Драги Ковачки, полковник на Армијата, за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е неетички и демократски преседан. Дополнително, ова е обид да се наштети на високиот углед кој што Армијата го има, го гради и го чува, како земја членка на НАТО, пријател со демократскиот свет. Нема и не смее да има место за политика во Армијата.
Припадниците на Армијата се на сите граѓани, треба да ја штитат државата и граѓаните, и во демократски општества нивното место не е во партиите. Како по примерот на некои земји од Латинска Америка, воени лица парадираат во белиот дворец на партиски позиции.

Освен во режими воод Латинска Америка и Африка, ваквите појави не постојат во ниту една западно-демократска партија. Овој чин на милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ покажува колку е очаен Христијан Мицкоски, кој поразен од граѓаните стравува за својата партиска фотелја.
Со Мицкоски и Груевски ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна, антинародна и недемократска партија посветена само на одбрана на криминалот. Затоа три пати по ред се казнувани од граѓаните на избори и затоа уште долго остануваат во опозиција.

Треба да знаете
Последни објави