Search

Со една фотографија на која едвај се гледа Џенифер Анистон го запали интернетот

Актерката Џенифер Анистон неодамна отвори Инстаграм и таа преку ноќ стана кралица на социјалните мрежи. Во прилог на ова говори и фактот што за помалку од еден ден таа собра четири милиони лајкови.

Имено, ѕвездата од популарната ТВ серија „Пријатели“ после години противење реши да отвори профил на Инстаграм, а се чини дека одлично сфатила како функционира сето тоа.

Неодамна објави фотографија на која се гледа одзади, и за кратко време собра дури 4 милиони лајкови.

Нејзините фанови кои ја следат на Инстаграм со нетрпение чекаат нова објава.

 

Треба да знаете
Последни објави