Search

Со еден клик до работа во Македонија, Хрватска, Србија и во БиХ

Ако сте во потрага по нова работа или прво работно искуство, имате големи шанси за успех бидејќи пред вас е првиот регионален онлајн-саем за работни места во Македонија, Хрватска, Србија и во Босна и Херцеговина!

Долгонајавуваниот регионален онлајн-саем „Виртуелни денови“ за вработување 2019 ќе се одржи од 16 до 23 октомври на веб-страницата www.denovizavrabotuvanje.mk. Саемот го организира порталот Vrabotuvanje.com.mk во соработка со другите партнерски портали Moj-posao.net од Хрватска, Poslovi.Infostud.com од Србија и Posao.ba од Босна и Херцеговина.

На годинешниот саем сите компании и огласи за вработување ќе бидат групирани во пет тематски капсули: Трговија, ИКТ, Финансии, Туризам и Образование.

Ова ќе им овозможи на кандидатите полесно да пребаруваат огласи и компании во специфични области, кои се релевантни за нив, а освен тоа што ќе може да аплицираат на отворените позиции, работобарателите ќе може да стапат во директен контакт со работодавците со помош на опцијата Chat.

Кога станува збор за Македонија, на годинешниот саем за вработување по нови вработени ќе тргнат звучни имиња на компании од сферата на телекомуникациите, производството, автомобилската индустрија, трговијата, банкарството, осигурувањето, како и ИТ-индустријата.

Покрај пребарувањето на работни места, сите учесници на саемот ќе имаат можност подобро да ги запознаат работодавците и директно да комуницираат со претставници од компаниите.

За крај, благодарение на виртуелниот настан „Лов на богатство“ сите посетители ќе имаат шанса да освојат вредни награди.

Треба да знаете
Последни објави