Search

Со донаторска вечер, Ротари клубот од Тетово одбележа три години од основањето

Ротари клубот од Тетово викендов одбележи три години од основањето со донаторска вечер за собирање на средства за градскиот Дневен центар за деца со посебни потреби.

Клубот има донирано над 200 илјади денари во Дневниот центар за деца со посебни потреби за реновирање на инфраструктурата, а најновата нивна акција претставува втората фаза во процесот.

– По адаптацијата на внатрешноста со донацијата на Ротари клубот ќе се работи и на надворешноста околу зеленилото и обезбедување на рекреативна опрема погодна за лицата со посебни потреби, информираат од Ротари клубот.

На донаторска вечер присуствуваа членови на ротари клубови од Косово, Швајцарија, Франција и Словенија. За првпат беше формиран меѓудржавен комитет меѓу Косово, Северна Македонија и Словенија.

– Оваа соработка дава надеж дека во иднина заедничките капитални проекти ќе бидат имплементирани од страна на ротари клубовите во трите земји во корист на нивните заедници, изјави Арѓент Имери, основач на Ротари клубот од Тетово.

Освен донации, клубот организира и други акции за доделување помош и подароци, особено за ученици со посебни потреби. 

Треба да знаете
Последни објави