Search

Со долгот од 400.000 евра за кампањата ВМРО-ДПМНЕ го прекрши Изборниот законик, Мицкоски да побара одговорност од Јанушев

ВМРО-ДПМНЕ има долг од околу 400.000 евра за неплатени обврски за кампањата на Гордана Сиљановска за претседателските избори.

Бидејќи сметката за изборна кампања од која треба да се наплати овој долг е затворена, ВМРО-ДПМНЕ го прекршил членот 71 од Изборниот законик каде е јасно наведено дека  сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка.

Одговорност за ваквото прекршување на законите мора да има првенствено од овластениот потписник на сметката, односно генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако навистина е за почитување на законите како што тврди, Христијан Мицкоски треба веднаш да го повика на одговорност Игор Јанушев кој е потписник на сметката на ВМРО-ДПМНЕ. Во спротивно, Мицкоски ќе покаже дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски, кој сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави