Search

Со глисер се забиле во карпи при обид да соборат рекорд

Три лица загинаа кога глисер удрил во вештачки гребен во венециска лагуна додека се обидувал да собори рекорд во брзо возење, соопштија италијанските пожарникари. Екипажот, предводен од италијанскиот бизнисмен Фабио Буџи (76), светски шампион за возење глисери, се обидел да го собори брзинскиот рекорд на поводниот пат од Монако до Венеција, пренесува „Ројтерс“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека трката траела веќе 18 часа и 32 минути кога се случила несреќата, при просечна брзина од околу 100 километри на час.

Буџи и уште двајца членови на екипажот, од кои едниот е Британец, загинаа, додека четвртиот преживеал затоа што паднал од глисерот.

Треба да знаете
Последни објави