Search

Со вода и варикина на крпа пред вратата вирусот нема да влезе дома

Темата за коронавирусот ги преокупира граѓаните. Постојано имаат прашања за кои бараат одговори. На едно од нив, како вирусот да не влезе во домовите одговара докторката Ивана Милошевиќ, заменик директор на Клиниката за инфективни болести во Белград при гостувањето на една српска телевизија.

-Водам сметка да не влегувам дома во работите со кои сум била на работа. Не одам по одделението со капут. Постои униформа. Она што го правам пред да влезам дома, пред врата имам ставено бришач – крпа натопена со раствот од вода и варикина. Доаѓам од болница и не треба така да влезам дома, открива докторката и го советува и граѓаните да се заштитат на овој начин за да не си го внесат вирусот во домовите.

На прашањето колку време вирусот може да остане на кесите донесени од продавницте таа вели:

-Се однесувам исто како и претходно. Кога ќе се вратам од продавница, ги ставам кесите на свое место и ги мијам рацете. Нема амбалажа да ја ставате во уста. Суштината е во хигиенските мерки, но пред се во редовната хигиена на рацете. Ако вирусот се најде на рацете, ние нема да се разболиме ако не го внесеме во рспираторниот тракт или конујуктивитот, вели докторката.

Треба да знаете
Последни објави