Search

Со „венто“ удрил во прилепчанец

На 25.03.2019 околу 7 часот на улица Марксова во Прилеп, автомобил „фолксфаген венто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(48) од село Дреновци, удрил во пешакот А.С.(44) од Прилеп.

Од ударот А.С. добил тешки повреди  и по укажаната помош во болницата во Прилеп бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Изршен бил увид на местото.

Треба да знаете
Последни објави