Search

Со „бмв“ се забил во дрва

На 25.03.2019 во 12.20 часот на автопатот „Мајка Тереза“ – Обиколница на Град Скопје, после клучка Стајковци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(33) од село Страчинци, скопско, излетало од патот и удрило во дрва.

Притоа, со повреди се здобил возачот на кого му била укажана лекарска помош во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави