Search

Со „астра“ удрил во „голф“, па со секира го демолирал, а на бегање удрил во две жени

На 25.01.2020 во Прилеп бил уапсен прилепчанецот Е.М.(23), кој со својот автомобил удрил во друго возило, кое потоа го кршел со секира, па на крајот удрил и во две жени, информираше МВР:

Според Е.А.(19), инцидентот се случил околу 21 часот пред продавница во Прилеп, додека бил во паркиран автомобил „голф 3″ без регистарски ознаки во негова сопственост. Со него во возилото биле С.О. и Е.Т.. Тогаш во „голфот“ удрил автомобил „опел астра” управувано од Е.М., кој потоа и физички ги нападнал тројцата. Тој во еден момент извадил секира и почнал да удира по „голфот“ по што се вратил во својот автомобил. Кога тргнал да си оди удрил во тетката и братучетката на Е.А. по што избегал.

По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави