Search

Со активнстите за чистење на урбаните заедници К.Вода и Расадник собрани се 7 тони смет

Со активностите за чистење на урбаните заедници Кисела Вода и Расадник собрани се 7 тони смет

Општина Кисела Вода спроведе голема акција за расчистување на сметот во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник.

Во овие урбани заедници, во рамки на есенската акција за чистење, сезонските работници ангажирани од локалната самоуправа извршија целосно расчистување на отпадоците на тротоарите, улиците и тревните површини, кои се под нејзина надлежност.

Со акцијата, беше опфатено и кастрење на гранките на дрвајата, а во исто време се собираше и кабаст отпад.

Минатата недела активности за средување на училишниот двор се одвиваа и во ООУ „Кузман Шапкарев”, во Драчево. Имено, со овие активности кои исто така ги спорведе Општина Кисела Вода беше извршено целосно расчистување на сметот во дворот, беа искосени нараснатите тревни површини, а скастрени беа и гранките на дрвајата и грмушките.

Покрај ова, изминатиов викенд, вработените во ЈДГ „Весели Цветови” заедно со родителите на дечињата кои ја посетуваат  оваа градинка, спроведоа еколошка акција за чистење на дворовите во нејзините 6 објекти. Во оваа акција дворната ограда на објектот „Сончоглед” доби нова боја.

Есенската акција за чистење на Кисела Вода, утре и задутре ќе продолжи да се одвива во месните заедници Припор и Усје.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да се придржуваат до Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста и поубава Кисела Вода.

Треба да знаете
Последни објави