Search

Со автомобил излетал од пат, возачот тешко повреден

Скопјанецот Г.П.(35) бл тешко повреден кога со автомобилот што го управувал излетал од патот и се превртел, вчера кај наплатната рампа Миладиновци.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 22 часот на автопатот Скопје-Куманово, во близина на наплатна станица Миладиновци,.

Г.П. управувајќи автомобил „ауди“ со бугарска национална ознака, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Возачот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави