Search

Со автомобил излетал од пат, возачот тешко повреден

Возач бил тешко повреден кога со автомобилот што го управува излетал од патот, вчера на регионалниот пат Берово-Делчево.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 22.35 часот, кај базата „Гранит“.

Возачот М.П.(45) од Делчево, управувајќи автомобил „бмв“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Со тешки повреди се здобил возачот кој по сообраќајката бил пренесен во Медицински центар Штип.

Увид на местото извршила екипа од ПС Берово.

Треба да знаете
Последни објави