Search

Соња Мираковска од Прилеп: Ги остваруваме стратешките интереси, членка сме на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ

„Да се зборува во Прилеп е голема обврска пред оние кои ја имаа визијата и за оние кои го положија својот живот да имаме слободна, стабилна и безбедна земја”, порача Соња Мираковска, носителка во изборна единица 4 од коалицијата „Можеме”.
Пред граѓаните Мираковска истакна дека денес членството во НАТО е реалност, а дека наскоро започнуваме преговори и со ЕУ со што се заокружуваат нашите стратешки определби.
„Денес можеме гордо да кажеме дека одлуката да започнат преговорите со Европската Унија е донесена и тоа ќе биде многу скоро и ние ќе ги отвориме поглавјата, ќе разговараме како нашето законодавство да го приближиме со европското, како да одговориме на нивните барања, како многу брзо да стигнеме таму каде што ни е местото, во европското семејство. До 2024 година планираме над 80% од преговорите да бидат веќе завршена работа со затворени поглавја”, истакна Мираковска.
Мираковска порача дека граѓаните кој носи напредок и интеграција, затоа на 15 јули масовно ќе ја подржат коалицијата „Можеме” и ќе гласаат за бројот 3.
Треба да знаете
Последни објави