Search

Сојузот на здруженијата на пензионери апелира да се обезбедат вакцини за најзагрозените пензионери

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија апелира до Министерството за здравство да обезбеди вакцини против сезонски грип за пензионерите кои спаѓаат во групата на најзагрозени граѓани, заради големиот број на хронични заболувања и намалениот имунитет заради годините.

-Апелираме и молиме овие граѓани да имаат приоритет и во здравствените установи каде се дистрибуира вакцината, стои во соопштението на СЗПМ.

Исто така, Сојузот бара од граѓаните пензионерите да имаат предност пред банките, продавниците, здравствените установи за преглед и друго, бидејќи, како што наведуваат оттаму, ова е мало внимание, а голема почит, кои тие ја заслужуваат.

Треба да знаете
Последни објави