Search

Сочуство од Црвениот крст до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа

Црвениот крст на Република Македонија изразува сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Скопје-Тетово, а на повредените им посакува што побрзо закрепнување.

– Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, која беше кобна за повеќемина наши сограѓани. Во овие тажни мигови Црвениот крст на Република Македонија изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите. На повредените им посакуваа што побрзо закрепнување, се вели во телеграмата со сочувство од Црвениот крст на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави