Search

Сочувство од претседателот Пендаровски за загинатите и повредените во земјотресот во Албанија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, во кој изрази длабоко сочувство за жртвите и повредените во земјотресот којшто, рано изутрината ја погоди Албанија. Претседателот Пендаровски понуди поддршка на претседателот Мета, а Кабинетот е во постојана координација со Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, преку заедничка синхронизирана активност да им се пружи помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените граѓани на Албанија. Претседателот Пендаровски, во име на граѓаните на Република Северна Македонија, упати и телеграма со сочувство до претседателот Мета.

Почитуван господине Претседател,

Со длабоко жалење ја примив веста за земјотресот кој предизвика вистинска трагедија во Република Албанија и длабоко жалам за загубените животи и огромните штети од оваа ужасна природна катастрофа. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на жртвите, повредените и оние кои останаа без своите домови, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Северна Македонија и од мое лично име да Ви упатам изрази на длабоко и искрено сочуство. Почитуван господине Претседател, длабоко сум уверен дека хуманоста и солидарноста ќе помогнат во ублажувањето на последиците од оваа голема трагедија. Ве молам, господине Претседател, изразите на длабоко сочувство да ги пренесете до ужалените семејства и до народот на Албанија.

 

Треба да знаете
Последни објави