Search

Сочувство од Пендаровски до Макрон за загинатите војници во паднатиот хеликоптер

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски изрази сочуство до претседателот на Француската Република Емануел Макрон по повод загинувањето на 13 припадници на француската војска во Мали:

Почитуван господине Претседателе,

Длабоко ме потресе веста за xеликоптерската несреќа во Мали, каде животот го загубија 13 припадници на француската војска.

Во овие тажни моменти за Вашата земја, нашиот народ длабоко сочувствува со пријателска Франција и заедно со мене ја споделува тагата за загубените животи од оваа несреќа. Ве молиме да ги пренесете нашите изрази на искрено сочувство до семејствата на трагично настраданите војници и до францускиот народ.

Почитуван претседателе, дозволете ми, исто така да Ви упатам и изрази на силна и безрезервна поддршка во здружување на нашите напори за акција во глобалната безбедност.

Треба да знаете
Последни објави