Search

Сочувство од Додик до Иванов за трагедијата кај Ласкарци

Претседавачот на Претседателствоот на БиХ, Миларад Додик упати сочувство до претседателот Ѓорге Иванов по тешката сообраќајна несреќа во која загинаа 14 лица, соопшти Претседателството на БиХ.

,,Сите нас во БиХ длабоко не потресе тажната вест за оваа страшна несреќа и загинувањето на голем број граѓани. Ве замолувам на семејствата на настраданите да им ги пренесете изразите на сочувство, а на повредените граѓани им посакувам искрени желби за што поскоро опоравување”, порачува Додик.

Треба да знаете
Последни објави