Search

Социјалистите и демократите во ЕП бараат поддршка за Македонија и Албанија

Лидерот на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Ирaцe Гарсија во писмо испратено до кандидатката за претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, меѓу другото, побарала поддршка за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија во 2019 година, како услов оваа група да го поддржи нејзиниот избор.

Европскиот парламент ќе гласа на 16 јули за кандидатурата на Урсула фон дер Лајен, на која како што наведува Јуропиен Вестерн Балканс, ќе и биде потребна поддршка од социјалистите и демократите, како и од центристичката група за обнова на Европа.

Двете групи веќе и ги испратиле агендите кои сакаат таа да ги поддржи, со цел позитивно да одлучуват за нејзината кандидатура.

Иако условите на групата за обнова на Европа не се вклучуваат политика на проширување, социјалистите и демократите ги наведуваат Албанија и Северна Македонија како дел од барањата, кога станува збор за надворешната политика.

,,Вашата кандидатура е резултат на одбивањето на националните лидери да го почитуваат системот на водечки кандидат, што не е добра порака за европските гласачи. Ова уште повеќе ве обврзува вас и новата Европската комисија да покажете дека Европа навистина работи за луѓето, да ја исполните амбициозната програма за работа која би ги остварила очекувањата на граѓаните на изборите на ЕУ”, изјави Гарсија во своето писмо.

Европската комисија веќе го поддржа отварањето на пристапните преговори за Албанија и за Северна Македонија, што би значело продолжување на нејзината политика. Конечната одлука за ова прашање ќе ја донесе националната влада.

Треба да знаете
Последни објави