Search

Софија условува: Не постојат македонски јазик и „бугарски фашистички окупатор“

Бугарската влада денеска усогласи декларација во која се наведуваат серија услови и закани за блокада на Скопје на патот кон ЕУ. Не смее да се споменуваат македонскиот јазик и „бугарскиот фашистички окупатор“

Официјална Софија денеска усвои рамка која содржи повеќе од 20 услови кои Северна Македонија ќе мора да ги исполни за да стане членка на ЕУ.

Бугарија сега најавува дека ќе ја блокира и првата меѓувладина конференција, со која формално започнуваат преговорите меѓу С. Македонија и ЕУ, доколку до нејзиното одржување не биде забележан „реален напредок во исполнувањето на духот и словото на Договорот за добрососедство“.
Под „реален напредок“, Софија подразбира откажување од поддршката или барање за признавање на македонско малцинство во Бугарија; почеток на процес на рехабилитација на жртвите на „југословенскиот комунистички режим кои трпеле репресија поради бугарската самосвест“; нов процес на лустрација кој треба да ги расветли соработниците на поранешните служби за безбедност на Југославија во денешна С. Македонија; и системско отстранување на квалификативот „бугарски фашистички окупатор“ од сите текстови на споменици и спомен-плочи.

Треба да знаете
Последни објави