Search

Софија Вергара шик во пругаст капут и скинати фармерки

Софија Вергара својот понеделник го помина на шопинг во Лос Анџелес, купувајќи работи за дома а во пауза пиеше органски џус.

47-годишната колумбиска убавица излезе на прошетка соло, а папарците ја забележаа кога излегуваше од продавница за органска сокови во Беверли Хилс.

Сопругот Џое Манганиело не беше со неа.

Ако некој во Холивуд сака да носи искинати фармерки, тогаш тоа дефинитивно е Софија Вергара – модел, актер, комичар и телевизиски продуцент – родена во Колумбија.

Ѕвездата на популарната телевизиска серија „Модерно семејство“ на себе имаше обична бела маица, искинати светло сини фармерки и сандали со високи потпетици и платформа.

Таа се реши на неколку модни додатоци – мал златен ѓердан со златен приврзок и црни очила за сонце.

Својот имиџ го комплетира со лабава црно-бела плетена наметка, голема чанта на Шанел, и големи дијамантски обетки.

Треба да знаете
Последни објави