Search

Софија Вергара со сопругот Џо Манганиело на романтично патување во Ирска

Судијката на ТВ-шоуто „Америка има талент“ Софија Вергара му се придружи на својот втор сопруг Џо Манганиело во романтичното разгледување на Ирска.

Колумбиската 49-годишна актерка пристигна во главниот град Даблин минатиот вторник, додека нејзиниот 44-годишен италијански пастув е таму од почетокот на септември.

Во саботата, Џо организираше тура за него и за Софија во замокот Данлоу, стар 814 години, кој се наоѓа на корзенскиот полуостров Мизен.

Вергара сподели низа фотографии на својот Инстаграм-профил.

Атрактивната Колумбијка – која може да се пофали со 47,1 милиони следачи на социјалните мрежи – го наслови својот туристички слајдшоу: „Туристиандо“.

Треба да знаете
Последни објави