Search

Софија Вергара, нов член на жирито на „Америка има талент“

Ѕвездата на ТВ-серијата „Модерно семејство“ која неодамна заврши со продукција по 11 сезони сега е член на жирито на телевизиското шоу America’s Got Talent („Америка има талент“).

Во четвртокот, Ен-би-си соопшти дека Софија Вергара ќе биде дел од жирито на популарното американско шоу.

Вергара (47), ќе ѝ се придружи на Хајди Клум (46), која до неодамна беше судијка на  AGT: Champions (АГТ: Шампиони).

Двете доаѓаат на местата на Габриела Јунион и Џулијан Хаф, отпуштени како судии (жири) по само една сезона.

Останати членови на жирито за 15-та сезона на натпреварот на таленти се Хауви Мендел и Сајмон Коуел, кој всушност е  креатор на шоуто и извршен продуцент.

Тери Круз се враќа како домаќин.

Треба да знаете
Последни објави