Search

Софија Вергара на забава по повод крајот на снимањето на „Модерно семејство“

Ѕвездата на серијата „Модерно Семејство“ (Modern Family) Софија Вергара и нејзиниот сопруг Џо Мањаниело во саботата присусвуваа на забава што го одбележа крајот на снимањето на серијата.

Ова беше 11-та и воедно последна сезона на популарната серија што се емитуваше на „Еј-би-си“.

Во саботата навечер, 47-годишната Вергара на Инстаграм сподели стори од настанот, на кое позира со нејзиниот 43-годишен сопруг, актерот Џо Мањаниело.

Атрактивната актерка изгледаше елегантно во фустан од црн сатен, мала црна чанта со долг златен синџир. Имиџот го дополни со украсни златни обетки и друг златен накит – прстени и бразлетни.

А во неделата, дебитираше новиот филм на Мањаниело, Archenemy.

Треба да знаете
Последни објави