Search

Софија Вергара блеска во цветен фустан на интимна вечера со сопругот

Таа е во брак со актерот Џо Манганиело веќе пет години.

А, Софија Вергара и нејзиниот сопруг во понеделникот вечерта прославија поинаква годишнина кога одбележаа седум години од нивниот прв состанок.

48-годишната sвезда на серијата „Модерно семејство“ и 44-годишниот актер од „Вистинска крв“ (True Blood)  уживаа во врвната кујна на популарниот јапонски ресторан „Нобу“ во Малибу.

Атрактивната Колумбијка го истакна својот сексапил во креација од Вероника Бирд, живописен фустан со разголени рамена и прекрасни цветни дизајни.

Софија е магнет за камерите и фотоапаратите каде и да се појави.

Треба да знаете
Последни објави