Search

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

– Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 414.198 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 18.543, а оздравеле 108.293 лица.

– Ирска воведува мерка карантин.

– Сиера Леоне прогласи вонредна здравствена состојба која ќе трае една година.

– И покрај советите од експертите, Трамп сака пред Велигден да ги намали рестрикциите воведени поради коронавирусот.

– Велика Британија денеска соопшти за уште 87 смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 422 од повеќе од 8.000 потврдени инфекции со коронавирусот. Медицинските власти тестирале повеќе од 82.000 луѓе, соопшти Министерството за здравство.

– Во БиХ денеска се регистрирани уште 28 нови заразени, со што вкупниот број достигна 164.

– Во Црна Гора се потврдени уште 20 случаи, па вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата достигна 47.

– Министрите за финансии од Г7 и гувернерите на централните банки ветија дека ќе ги прошират фискалните и монетарните мерки колку што ќе биде потребно за да се врати растот и довербата разнишани од пандемијата на коронаворусот.

– Лекарите во Шпанија се жалат дека им недостасува затитана опрема.

– Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Рик Дамс, ги повика европските влади строго да се придржуваат до Европската конвенција за човекови права при преземањето итни мерки за справување со кризата со коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави