Search

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

– Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 372.594 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 16. 313, а оздравеле 101.373 лица.

– Во Ломбардија велат дека го гледаат светлото на крајот од тунелот. Се намалува бројот на новозаразени со Ковид-19.

– На повикот на британската Влада одговорија 7.563 пензионирани здравствени работници и се согласија да волонтираат за да помогнат во борбата против коронавирусот.

– Холандија ги забрани сите јавни собирања до 1 јуни.

– Во Франција во последните 24 часа починале 186 лица со што вкупниот број на жртви достигна 860, јави Ле Паризиен.

– Лизгалиштето во Мадрид од денеска се претвора во импровизирана мртовечница за починатите жртви на коронавирусот, бидејќи градската мртовечница е затворена.

– Унгарија ќе ја продолжи вонредната состојба на неодредено време.

– Во Вухан пет дена по ред не е регистриран ниту еден новозаразен. Попуштаат строгите мерки за изолација.

– Во Велика Британија во последните 24 часа починале 54 лица и сега вкупниот број на жртви изнесува 335. Бројот на заразени се зголеми од 5.683 на 6.650.

– Адвокатите на Џулијан Асанж повторно ќе бараат негово ослободување со кауција, врз основа на аргументи дека Асанж спаѓа во ранлива група.

– Австрија истражува бар во популарно зимувалиште поради тоа што наводно не пријавил дека еден од ваботените бил болен од Ковид-19.

– Бројот на заразени со коронавирусот во Јужна Африка денеска се зголеми на 402, што е за 128 повеќе од претходниот ден. Со ова земјата има најмногу заразени во цела Африка. Властите воведоа карантин од три недели

– Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва објави дека уште лице во Србија починало од коронавирусот. Станува збор за 60-годишна жена која официјално е трета жртва на вирусот во Србија, каде има вкупно 249 заразени.

– Во затвор во Братислава денеска е потврден првиот случај на Ковид-19 кај затвореник.

– Во Хрватска се регистрирани 61 нови заразени лица. Вкупниот број на заразени со коронаворусот во земјата изнесува 315, а починало едно лице. Досега се излекувани пет лица.

Треба да знаете
Последни објави