Search

Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 383.894 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 16.585, а оздравеле 102.548 лица.

– Пандемијата во САД се уште не е во пик, но болници во Калифорнија и Њујорк, најпогодени од Ковид-19, се борат со недостиг од потребни материјали. Претседателот Доналд Трамп најави ублажување на рестриктивните мерки по истекот на 15-дневниот период на наметната изолација нагласувајќи дека „Америка наскоро ќе биде повторно отворена за бизниси”.

– Од Ковид-19 заболе и поранешниот фински претседател Марти Ахтисари кој има 82 години. Досега во таа држава има 700 заразени и една жртва.

– Властите во Алжир воведоа ограничено движење во главниот град.

– Украинската полиција почнува со масовни проверки за почитувањето на мерките за карантин.

– Во Турција воведени ограничувања за работата на продавниците и за автобусите.

– Потврдени два случаја на зараза во Мјанмар, со тоа државата е една од последните во Азија каде се прошири пандемијата.

– Сопственикот на „Тесла” Илон Маск донираше 1.255 респиратори на властите во Лос Анџелес.

– Уште 154 случаи на заразени со новиот коронавирус и нови четири смртни случаи во Австрија. Со тоа бројот на заболени во земјата достигна 4.628, а на починати 25 лица.

Треба да знаете
Последни објави